Потпишан меморандум за соработка помеѓу велешки театар и Културниот центар Златибор од Србија

Петар Печков

Потпишан  е Меморандум за соработка помеѓу НУ Театар ,,Јордан Хаџи Константинов - Џинот'' Велес и Културниот центар ,,Златибор'' Чајетина , Србија. Тој има за цел воспоставување, развој и унапредување на меѓусебната соработка во областа на културата и уметноста.

„Со меморандумот се предвидува организирање на заеднички културни манифестации, уметнички работилници, гостувања и проекти кои ќе ја зголемат културната сцена во двете земји. Соработката претставува важен мост на пријателство и професионално поврзување помеѓу македонските и српските уметници и институции“ – кажа Жарко Спасовски, директор на велешки театар

Од двете  кулутрни институции преку ваквите партнерства се создава простор за нови идеи, креативни соработки и културна размена која ќе придонесе за афирмација на уметничките вредности и продлабочување на меѓународните односи во културниот сектор.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати