Шест обиди за измами со лажни лекари на подрачјето на СВР Велес, еден во Велес и пет во Неготино

Петар Печков

Во текот на вчрашниот ден, 17 февруари вторник, во СВР Велес, на територијата која таа ја покрива, биле пријавени шест обиди за измама, сие кај лица во повозразна категорија. Сите биле неуспешни оти потенцијалните жртви правовремено почувстувале дека станува збор за измама и не ги предале бараните пари, кои во еден случај биле во висина од 35 илјади евра. Велешката шолиција со апел со граѓаните да внимаваат кога непознати лица бараат пари за возврат за некаква услуга.

„На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени шест случаи на обиди за измами. Еден случај е пријавен во СВР Велес од 53-годишна велешанка, која пријавила дека машко лице се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди, за што е потребно да се направи операција и побарал да донесе пари за интервенција во болница во Велес. Останатите пет случаи се пријавени во ОВР Неготино, каде лица на возраст од 69 до 78 години, пријавиле дека машко лице им се јавило, им кажало дека членови на нивните семејства се здобиле со повреди и за да се изврши оперативен зафат потребно е да донесат пари. Побараните суми достигнувале и до 35 000 евра, а лицето во неколку од случаите се претставувало како лекар или како полициски службеник. На некои од пријавителите им било побарано парите да ги однесат во здравствени установи во Скопје, а на други во болницата во Велес. Сите пријавители се посомневале, ги контактирале своите блиски и сфатиле дека се работи за измама“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол ан СВР Велес. 

СВР Велес апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при  комуникација со непознати лица и сите сомнителни случаи да ги пријават во полициска станица. Полициските службеници и во претстојниот период ќе продолжат со засилено темпо да реализираат превентивни активности за заштита од измами, особено за повозрасната популација, со цел граѓаните да се информираат и едуцираат за опасностите од телефонските измами, како да ги препознаат и да не дозволат да бидат жртви на овој вид измами.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати