Четири трговци во Велес казнети оти не издавале фискални сметки

Петар Печков

Во периодот од 28 јули до 3 август 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП)  кај четири правни субјекти во Велес, констатирала дека не издавале фискални сметки.  Нив им се изречени парични казни, глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот.

Контролирани биле ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, хотел и други трговски објекти за продажба на мало. 

УЈП соопшти дека во Штип, Неготино, Демир Капија, Кавадарци Велес и Куманово извршени биле 35 контроли, а утврдени се 16 неправилности, по една неправилност во Неготино и Кавадарци, две во Демир Капија, три во Штип, четири во Велес и пет неправилности во Куманово.

Контролите биле извршени и во Скопје 14  и при истите утврдени се 4 неправилности; • Во Струга, Охрид и Битола извршени се 126 контроли, а утврдени се 29 неправилности од кои 11 неправилности во Струга и 18 во Охрид • Во Прилеп извршени се 7 контроли, a утврдени се 3 неправилности; • Во Тетово, Гостивар извршени се 32 контроли, а утврдени се 14 неправилности од кој 13 во Тетово и една во Гостивар.

За четири, односно три субјекти од Охрид и еден од Струга, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

Во овој период биле спроведени вкупно 214 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, кај 30,8%, односно кај 66 од контролираните се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати