Четири случаи на возење во алкохолизирана состојба за осум часа

Петар Печков


Во четири одвоени случаи, во текот на вчеравечер петок, и сабота наутро, во исто толку случиа констатирано  е дека четворица возачи управувале возила во алкохолизрана состојба. Деталите од информацијата на СВР Велес.

На 27 декември  во 02:10 часот на автопатот А1 , на клучка Каласлари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Д.(42 год) од село Долно Каласлари. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,57 промили алкохол во крвта.

На 27 декември во 03:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.М.(23 год) од село Ваташа, кавадаречко. При сообраќајна контрола на  ул.„7 Септември“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.

На 26 декември  во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(59 год) од село Раштани, велешко. Претходно, на улица „Раштански пат“ во Велес, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, тој изгубил конотрола ипаднал на коловозот.При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека М.Ј. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,87 промили алкохол во крвта.

На 26 декември  во 21:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија одслобода Б.Н.(27 год) од Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес - село Извор, тој со патничко возило „бмв“ со штипски регистартски ознаки, кое го управувал, излетал надвор од патот. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека Б.Н. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,01 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати