Петар Печков
Објавено: среда, 05 ноември 2025
Утре четврток, конститутивна седница на Советот на Општина Велес. Почетокот е закажан за 10ч. На неа треба да се верификуваат мандатите на 23 советници.
Седницата ќе започне да ја води претходниот претседател на Советот на Општината – Даниел Јаневски, по што ќе продолжи највозрасниот член на Советот, тоа е Слободан Ников.
Откако одлуката ќе излезе во Службен гласник, ќе се свика нова седница, на која ќе се избира претседавач на Советот. Потоа следи седница на која ќе се формираат комисиите.
Градоначалникот Марко Колев најви дека ќе биде поднесен ребаланс на Општинскито Буџет, па седница на која треба да се разгледува барањето на фирмите од градот з анамалување на ѓубрарината.
Советот брои 23 члена. Од нив дури 14 се жени а само девет мажи. По партиска припадност 16 се на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, по три на Левица и СДСМ и еден советник е од ЗНАМ.
