Петар Печков
Објавено: среда, 05 ноември 2025
Српската фолк пеачка Цеца се извини за настанот кој се случи минатиот петок 31 октомври, на нејзиниот концерт во салата Гемиџии во Велес, кога на сцената развеа бугарско знаме. Тоа и го дадала девојка нејзин обожавател, која претходно на сцената и дала букет. На знамето била фигура на Цеца со порака „Цеца Бугарија те сака“. Ова наиде на жестоки свирежи од публиката.
„Еднa обожавателка фрли бугарско знаме кон мене. Како и насекаде во дијаспората, публиката ми испраќа различни знамиња и огромна чест ми е кога некој ми го дава знамето на својата земја. Го завиткав околу него и одеднаш се слушнаа свирежи. Не знаев за што е, си помислив, дали го превртив наопаку? Гледам дека не е Македонско, не сум луда. Но, тоа никогаш порано не се случило никаде. Бев целосно збунета. Мики Секуловски ми приоѓа и ми вели: „Знамето, знамето!“ Прашувам: „А што е со знамето?“, а тој вели: „Остави го, брзо остави го!“ Поминаа секунди, повторно прашувам: „Зошто, што се случи?“, а тој вика: „Тоа е бугарското знаме!“ Велам: „Добро, и?“, а тој повторува: „Остави го знамето!“ Го тргам, сè уште немајќи поим за што е. Навистина не знаев дека не се сакаат толку многу. Многу ми е жал ако повредив нечии чувства. Тоа апсолутно не ми беше намера, бидејќи не се занимавам ниту со домашна, а камоли со соседска политика - кој кого сака или не. Навистина се трудам да ширам само љубов преку мојата песна, и ова трае веќе 38 години. Така ќе остане. Ако несвесно повредив нечии чувства вечерва, искрено се извинувам, бидејќи навистина не ми беше намерата. Не сакам било кој дда помисли, дека тоа беше смислено“ – кажа Цеца за српскиот Телеграф.
Таа концертот во Велес требаше да го одржи сабота на 1 ноември, датум кога се одбележуваше една година од смртта на 16 граѓани под паднатата настрешница на Железничка станица во Нови Сад, па го помести за ден порано.
