Хотелот Вила Зора не може да биде старечки дом, покажале контролите на надлежните од Министерството за труд и социјална политика

Петар Печков

Хотелот Вила Зора  не е можно да се користи како старечки дом, покажале испитувањата на надлежните од Министерството за труд и социјална политика. Нивните наоди го соопшти градоначалникот Марко Колев.  Ова доаѓа откако зимава во инспекција беа претставници од  Министерството заедно со претставници на локалната власт.

„Мојата желба и на претставниците на локалната власт беше хотелот Вила Зора да биде пренаменет во старечки дом. Имаше заинтересирани кои дојдоа и ги видоа можностите. Врз основа на законските и подзаконските акти и правилници, таму нема услови кои се потребни а објектот не ги исполнува. Имаме тесни ходници, не доволно големи лифтови, ова се дел од недостатоците. Имаше посета да се види што дали може нешто да се преуреди. Но за такво нешто ако се стори, се задира во статиката на објектот и затоа не е можно да се извршат никакви градежни зафати. Има неколку одобренија пред отпочнување на градба, за приватни старечки домови.  Разгледуваме опција и за поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот. Познато е дека таму ќе има клон на детска градинка, па делува симпатично во иста зграда да бидат и деца и повозрасни лица, тоа е тренд во светот“ – рече Колев. 

Во Македонија има пет јавни домови: ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ со 111 легла, „Зафир Сајто“ – 197 легла, „Киро Крстески Платник“ – 150 легла, „Сју Рајдер“ – 150 легла и „Д-р Иван Влашки“ – 67 легла.  

„Основниот проблем на старечките  домови е недостигот од стручен кадар“, истакнуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати