Петар Печков
Објавено: недела, 20 септември 2026
Детскиот хор Св. Кирил и Методиј под диригентство на Веселинка Маџарова победи на меѓународниот хорски фестивал во Паралија Грција. Тие освоија прво место во детските хорови, а според бодувањето се втори на листата на сите хорови кои настапија во сите конкуренции, за признанието Гран при.
Хорот настапи со четири композиции а диригентката Маџарова од жирито добила пофалби за изборот на композициите. Фестивалот е именуван „Музика и море“. Во 2015 година на овој хорски фестивал во паралија Св. Кирил и Методиј го освои третото место.
Уште едно признание за децата хористи и диригентката кои ја негуваат хорската музика, реткост во македонски прилики.
Настапот на хорот во Паралија е овозможен со финансиска поддршка на Општина Велес.
