Хорор филмовите „Ритуал“ и „Знам што правевте минатото лето“ премиерно во Киноверзум Велес

Петар Печков

Пет филмови на репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена, две премиери и тоа на хорор.  

Двајца свештеници, едниот во криза со својата вера, а другиот се соочува со бурно минато, мора да ги надминат своите разлики за да изведат ризичен егзорцизам. Филмот е работн според висински настан од 1928 година во Ајова САД. Настан кој црвката не го признава, светот се згрозува.    

И втората премиера е на хорор, „Знам што направивте минатото лето“  четврти дел од истоимениот серијал. Има некои ликови актери од претходните филмови, има други нови лица.   Откако петмина пријатели ненамерно убиваат пешак во сообраќајна несреќа, тие ја прикриваат својата вмешаност за да избегнат последици. Една година подоцна, додека се обидуваат да продолжат со своите животи, еден сталкер им испраќа потсмевачки пораки за нивниот криминал. 


Се прикажуваат и двата најгледани филмови во светот, Супермен и Паркот Јура, Препород.

На врвот по посетеност изминатиот викенд во светот. Кларк Кент  ја прифаќа својата судбина, се бори со жестоки негативци и ја заштитува Земјата со помош на своето верно куче Крипто. Преполн со акција, емоции и култни моменти, овој филм ќе го редефинира тоа што значи да се биде херој. 


На репертоарот е вториот филм  по гледаност во светот изминатиот викенд Јура парк препопрод, седми дел.  екосистемот на планетата се покажал како многу негостољубив за диносаурусите. Тие кои опстанале се наоѓаат во екваторијалните средини каде владее клима слична на таа во која некогаш живееле.Трите најколосални суштества на копно, во море и во воздух, во таа тропска биосфера ги содржат клучните компоненти за лек кој ќе придонесе за чудесно зачувување на животот на човештвото. Новото поглавје е засилено со ѕвездата на акционите филмови, Скарлет Јохансон, Џонатан Бејли и Маршал Али. Приказната преполна со акција зборува за тим за спасување кој оди на најопасното место на Земјата, истражувачкиот центар на островот на кој се наоѓа оригиналниот парк од времето на Јура, во кој живеат пострашни од најстрашните. Во главните улоги се и признатите светски ѕвезди Руперт Френд и Мануел Гарсија-Рулфо. Филмот го режираше Гарет Едвардс ( Одметник 1: Приказна за војна на ѕвездите), мајстор за акција и визуелни ефекти, а по сценарио на сценаристот на оригиналниот Парк од времето на Јура, Дејвид Коеп. Скарлет Јохансон, ја игра Зора Бенет, експерт за тајни операции која ја ангажираат да води уигран тим во строго доверлива мисија во која треба да се сочува генетски материјал. Кога операцијата на Зора ќе се сретне со едно семејство чиј брод се превртел во водите во кои живеат диносауруси грабливци, остануваат насукани на забранетиот остров каде некогаш постоела тајна истражувачка станица, Паркот Јура. Тука, на теренот кој го населуваат диносауруси од најразлични видови, ќе се соочат лице в лице со злокобно, шокантно откритие кое со децении било скриено од светот.  

Штрумфовите кои оваа седмица ќе ја имаат светската премиера, во Киноверзум се прикажуваат втора седмица. Тие се враќаат во нова магична авантура! Кога Тато Штрумф е заробен од злите волшебници Разамел и Гаргамел, Штрумфета ги води Штрумфовите на смела мисија во реалниот свет за да го спасат. Исполнет со забава, музика и срце, овој анимиран мјузикл со игра ќе го шармира целото семејство!  

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати