Хорор комедијата „Страшен филм 6“ премиерно во Киноверзум Велес

Петар Печков

Пет  филма се на репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена, еден е премиера, три се на врвот по гледаност.  

Долго очекуваната авантура  Војна на ѕвездите, Мандалорецот и Грегу, од сабота до вторник  од 19,55ч.  Најгледаниот филм во светот изминатиот викенд, дел од франшизата Војна на ѕвездите, полн со акција, авантура од 22 век, дело ан Џорџ Лукас. Некогаш осамен ловец на награди, мандалорецот Дин Џарин и неговиот ученик Грогу тргнуваат во возбудлива нова авантура.  Лошата Империја е поразена, а империјалните воени команданти се останати распрскани ширум галаксијата. Младата Нова Република се обидува да го заштити сето она за што се бореле бунтовниците и на помош го повикува легендарниот мандалориски ловец на уцени, Дин Џарин и неговиот млад ученик Грогу.

Хоророт „Опсесија“ се прикажува четврток, сабота и понеделник од 22,15ч. Филмот кој имаше светска премиера пред две седмици е на второ место по гледаност во светот.  Млад човек ја ослободува моќта на мистериозен предмет во желбата да освои љубов, но наскоро открива дека секоја желба носи мрачна и злокобна цена.

И натаму е на репертоарот  е филмот „Ѓаволот носи прада 2“.  Филмот кој носи возбуда од женски интриги, трачеви, мода. Филм кој не остава рамнодушен. Се прикажува  недела и вторник од 22,15ч.

Јунаците на цртаните филмови Том и Џери се вратија на големото платно, со филмот Магичниот  компас.    Во раздвиженото срце на Менхетен, паметниот и досетлив глушец Џери се провлекува во Метрополитен музејот на уметноста за да види голема изложба и митскиот „Астрален компас“. Мачорот Том, кој му е секогаш зад опашката, станува нов чувар на музејот и ќе направи сè за да го запре Џери. Во хаотичната потера, бесценетиот компас паѓа и се крши, катапултирајќи ги Том и Џери низ времето – директно во блескав, златен град во древна Кина. Се прикажува од четврток од 20,15ч.  и од сабота до среда од 18ч. 

Премиера  среда за „Страшен филм 6“ од 21.15ч..Двајца пријатели повторно се наоѓаат вмешани во хаос што вклучува убијци, чудовишта и натприродни суштества.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати