Петар Печков
Објавено: четврток, 04 декември 2025
Четири филма се на репертоарот на Киноверзум Велес до недела, едне е премиера, три се најгледаните во светот изминатиот викенд.
Премиeра за Секој може да успее да преживее пет ноќи. Овој пат, нема да има втора шанса. Кинематографскиот хорор феномен на Блумхаус „Пет ноќи кај Фреди“, хорор филмот со најголема заработка во 2023 година, најавува нова, застрашувачка ера на аниматронски терор. Врз основа на серијата игри на Скот Котон, „Пет ноќи кај Фреди 2“ е режиран од Ема Тами (Ветерот, Крвава месечина), признат режисер кој се враќа на проектот.
Анимираниот „Зоотропола2“ минатиот викенд на премиеата заработи 500 милиони долари низ кината во светот и беше најгледан. Храбрата зајачка полицајка Џуди Хопс и нејзиниот пријател, лисицата Ник Вајлд, повторно се здружуваат за да откријат нов случај, најопасниот и најсложен во нивните кариери. Музиката во филмот е на Шакира.
Мјузиклот „Злобница втор дел“ со Аријана Гранде, Синтија Ериво и Џеф Голдбрум е втор по гледаност во светот. Ја следи Елфаба, идната Зла Вештерка на Западот и нејзината поврзаност со Глинда, Добрата Вештерка на Северот. Вториот дел од дводелната долгометражна адаптација на бродвејскиот мјузикл. Елфаба (Синтија Ериво), сега демонизирана како Злобната вештерка на Западот, живее во егзил, скриена во шумата додека ја продолжува својата борба за слобода за замолчените животни од Оз и очајно се обидува да ја открие вистината што ја знае за Волшебникот (Џеф Голдблум). Во тој период, Глинда станува гламурозен симбол на добрина во целиот Оз, живеејќи во палата во Смарагдниот град и уживајќи во благодетите на славата и популарноста.
Акцијата –трилер, „Ме гледаш, сега не ме гледаш“ е трет на листата по гледаност во кината во САД и Европа. Четворицата Јавачи се враќаат со уште посложени илузии, нови лица и неверојатни трикови што ја бришат границата меѓу вистината и измамата. Со врвен актерски состав и непредвидливи изненадувања, подгответе се за магија каква што не сте виделе досега.
