Петар Печков
Објавено: недела, 16 ноември 2025
Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ утрервечер, понеделник, гостува во Сплит, Хрватска, со претставата „Синиоот портокал“. Претставата ќе се одигра во Градскиот театар на Прокуратив, со почеток од 18,30ч.
Таа е дел од содржините на манифестацијата „15 Македонска културна есен во Сплит“, во организација на Заедницата на Македонците од Хрватска и Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит.
„Синиот портокал“ е најдолговечната претстава на велешки театар која се игра повеќе од седум и пол години.
Работена е по текст на Британецот Џон Пенхол и во режија на Александар Ивановски. Во претставата настапуваат Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов.
