Фудбалерките на ЖФК Борец изненадија и победија во Радовиш

Петар Печков

Фудбалерките на ЖФК Борец победија во претпоследното коло од Вторатa фудбалска лига, жени. Тие во Радовиш славеа со 1:2 (0:0) над третопласираната екипа од табелата. Со оваа трета  победа во првенството,  велешанки се искачија место погоре и се 6-ти со 10 бода. Во последното коло, следниот викенд играат дома со пocледнопласираниот ЖФК Порече и со победа може да ја завршат сезоната.

Се одигра 18 коло од Третата фудбалска лига Југ. Дербито се играше во Големо Коњари, есенскиот шампион ФК Големо Коњари кој до овој меч беше третопласиран го пречека актуелниот лидер. Велешани силни, моќни и со убедливи 0:6 oд нив три се дело на Манасиев,  победија и останаа на врвот. Со победата од 8:1 над осмопласираниот ФК Ултрас, ФК Превалец се искачија за едно место, на третото. ФК Борец има 39 бода со натпревар помалку од второпласираниот ФК Питу Гули а ФК Превалец е трет со 33 бодови. ФК Локомотива од Градско загуби во Крушево од ФК Питу Гули со 0:5 па останаа претпоследни 10 од 11 тима. . Во следното коло во Градско се игра општинското дерби ФК Локомотива – ФК Превалeц, аФК Борец игра дома со ФК Марена која е осмопласирана.

Се одигра 17 коло од Општинската фудбалскаа лига. Постигнати се следните резултати

ФК Башкими – ФК Младост         5:1
ФК Богомила – ФК Чашка            3:0 (службено, гостите не допатувале)
ФК Мартолци – ФК Форца нова   одложена (поради смртен случај)
ФК Горски – ФК Бабуна               0:5
ФК Илинден – ФК Тополка          3:0
Слободна беше екипата на ФК Согле

                          Т  А  Б  Е  Л  А
1.БАШКИМИ (Ј)         15 13 1 1 44/12 40
 2.ИЛИНДЕН (БС)     16 12 1 3 38/15 37
 3.БАБУНА                 15 11 2 2 50/19 35
 4. БОГОМИЛА          14 8 3 3 31/16 27
 5.СОГЛЕ                  15 7 1 7 25/29 22
 6.ФОРЦА НОВА        14 5 1 8 16/22 16
 7.МАРТОЛЦИ 2007   14 4 3 7 28/32 15
 8.ГОРСКИ                 16 4 2 10 20/33 14
 9.МЛАДОСТ 1976     16 3 2 11 17/40 11
 10.ТОПОЛКА            15 2 5 8 13/39 11
 11.ЧАШКА 2022       16 2 3 11 17/42   9

 Во следното 18 коло играат
ФК Горски – ФК Тополка
ФК Бабуна – ФК Мартолци
ФК Форца нова – ФК Богомила
ФК Чашка – ФК Башкими
ФК Младост – ФК Согле
Слободна е екипата на ФК Илинден (БС)

фото ФБ/ЖФК Борец

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати