Филмот на Дизни- Ваијана и хоророт Зла смрт – палење, премиерно во Киноверзум Велес

Петар Печков

Две премиери во Киноверзум Велес од денес на репертоарот и еден филм кој има голема посетеност.

Првата премиера е за анимираниот филм на Дизни -  Ваијана.   Публиката ја очекува спектакуларната авантура што го оживува магичниот остров Мотонуи и неговите несекојдневни жители, како и бројните впечатливи ликови како што се воинствените, но симпатични Какамори. Ваијана ќе го послуша повикот на океанот и за првпат ќе заплови подалеку од коралниот гребен на својот дом, па ќе тргне на епско патување за да му ја врати благосостојбата на својот народ. Ce прикажува до среда во терминот од 19,45ч. 

Втората премиера е за хоророт Зла смрт:Палење.  Досега најсуровата и најзастрашувачка приказна во франшизата што беснее на големите екрани во сосема ново поглавје на крвопролевање и демонски хаос. Откако ќе го загуби сопругот, една жена наоѓа утеха кај семејството на мажот во нивниот зафрлен дом. Но тие еден по еден се претвораат во Немртви, а семејниот собир станува настан од пеколот. Притоа таа полека открива дека заветот што го дала во животот… живее и во смртта. Се прикажува до среда во терминот од 22ч. 

Aнимираниот „Мињони и чудовишта“  најгледан филм во светот изминатито викенд е бурна, смешна и сосема вистинска приказна за тоа како Мињоните го освоија Холивуд, станаа филмски ѕвезди, изгубија сè, ослободија чудовишта на светот, а потоа се здружија за да се обидат да ја спасат планетата од хаосот кој го создадоа.Се прикажува во терминот од 18ч. се до следната среда.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати