Фабриката „Лутекс“ за четвртата година од работењето со нови инвестиции за нови вработувања

Петар Печков

Четвртата година од работата на фабриката „Лутекс“,  сместена во дворот и хала на некогашната фабрика „Нонча Камишова“ сопственикот  Германецот Маркус  Туч ја одбележа со инвестиција и набавка на нови машини, кои ќе овозможат нови вработувања.  Ова е негово прво интервју, но и прво излегување во јавноста, по пуштањето на фабриката во мај  2017-та година.

Текстилната фабрика ,,Лутекс,, е  германска сопственост која произведува техничка ткаенина за перници и душеци, кои целосно се извезуваат во Германија. Таа е фамилијарен бизнис, потенцира сопственикот и има четири фабрики во Германија и една овде во Велес. За одбележување на првите четири години од работата, набавиле нова машина, која овозможува еколошки чисто  производството. 

Со набавката на новите машини,фабриката е со сигурност  една од најголемите текстилни фабрики  на Балканот, произведува преку четири тони материјал дневно. Воедно сме една од најмодерните  фабрики во Европа. Набавивме два машини, едната е инсталирана овде во Велес. Со неа се облагородува материјалот, кој го произведуваме.  Втората ја поставивме во Германија, во мајката фирма. Сакам да кажам, дека каква машина набавивме во Германија, таква и овде во Велес, идентична, што ќе рече дека имаме исти критериуми за работа. Овие нови машини функционираат, така што нема отпадни води и не продуцираат штетни хемикалии. Или на кратко не ја загадуваме околината и ги применуваме највисоките еколошки стандарди во светот. Со ова сме сертификувани дека можеме да произведуваме облека за бебиња, покрај другите производи кои ги произведуваме- вели Туч.

Неделава набавиле и  три контејнери нови  машини за работа со што  направиле  важно инвестициско заокружување. Целта им  е да ги задржат работните места, вработените, имале многу порачки од клиентите, задоволни од квалитетот што го добиваат од нивните  производи.  Со новите машини може да изработуваат за обложување на  душек, освен платно кое го работеа досега, уште еден процес дополнително. Но во меѓувреме заокружиле и важен момент од сопственоста.

За чувството на сигурност ја купивме фабриката, фирмата на која досега и припаѓаше, беше сопственост на Грк. Тоа е наша шанса да продолжиме да растеме, затоа ќе ни требаат нови работници. Лутекс има стотина вработени, потребни ни се дополнителни работници, не е потребно одредена квалификација, тука во фабриката ги обучуваме.  Нема потреба од одредена стручност, оти нашата работа е специфична и затоа вршиме обука на сите вработени. 

Најголемиот дел од вработените се од Велес. Машините се тие кои ја работата работата, а вработените се оператори кои ја опслужуваат машината. Автоматизирани сме со најсовремена технологија- објаснува Туч. 

Вели дека е многу  задоволен од досега сработеното, горд е  на соработниците, затоа продолжуваат со работа и со нови инвестиции. Што се однесува на состојбата со  корона вирусот, додава дека треба да се навикнеме да живееме со неа, дека ги заштитуваат вработените најдобро што е можно. Донирале 50 илјади заштитни маски на Министерството за здравство. 

На прашањето дали се остварија очекувањата, од моментот кога започна со работа фабриката, сопственикот Туч прецизно вели „Тоа што го очекував, се реализира пред година и половина, 80-90 отсто од производството оди за извоз, но се повеќе клиенти добиваме локално“.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати