Штандовите на Питијадата годинава ќе се добиваат на Јавен повик по цени во зависност од локацијата

Петар Печков

Од оваа година локалната власт преку Јавен повик ќе ги изнајмува штандовите на Питијадата. По реакциите дека исти биле цените и за тие до бината и тие на крајот од редицата штандови, организаторот одлучи изнајмувањето да биде со различни цени, во зависност од местоположбата на штандот.

„Одлучивме да направиме корекција на досегашниот начин на функционирање. Со оваа одлука сметаме дека е по фер и  поправична распределбата. Тие што се поблиску до бината плаќат повисока цена. Ако има пријавено повеќе заинтересирани за иста локација, ќе има јавно наддавање“ – кажа Александра Иванова од организациониот одбор на Питијадата. 

Цента е највисока 120 илјади за просторот на паркингот десно од бината, по 30 илјaди се двата штадна први од лeво и деcно од бината, по 24 илјади се трите следни  штанда лево и десно од бината, а сите останати е по 18 илјади денари.

Дополнително со оваа одлука се определуваат локации за штандовите за Базарот и цената, која е две илјади денари за сите три дена плус илјада за аплицарање.

Има и  локации за поставување на рекламни штандови, чија цена е шест илјади денари за површина од 5 м2 за сите три дена.   

Се забранува поставување на тезги, штандови, рекламен материјал и друга опрема на површини кои не се предвидени во Графичкиот приказ, што беше чест пример изминатите години кога имаше се и сешто по  пристапните улици до штандовите на Питијадата.

„Целта ни е да манифестацитја да изгледа убаво и културно а не  како панаѓур“ – дополни Иванова.  

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати