Петар Печков
Објавено: недела, 27 април 2025
Кошаркарите на КК Борец баскет загубија дома убедливо со 69:81 од лидерот КК Маџари. Со овој пораз во последното 22 коло велешани паднаа на 7-то место од Втората лига, иако во еден ден од првенството беа и трето пласирани. Со овој пласман КК Борец басект се пласира во разигрувањето за пласман во Прва лига. И прв противник е екипата на КК Соколи. Се игра на два добиени натпреври.
Женската екипа на ЖФК Борец загуби дома со 1:3(0:0) од составот на ЖФК Порече, кој е 4-то пласиран. По ова претпоследно коло велешанки се претпоследни 7-ми со 4 бода, а три имат одземено. Во следното, последно коло играат со екипата на ЖФК Слободен, кој е последна. Или тоа ќе биде натпревар кој ќе решава која екипа ќе биде последна во Втората лига.
Во Третата лига Југ ФК Превалец победи на гостувањето со 1:3 (0:1) над екипата на ФК Росоман која беше 5-то пласирана. ФК Башкими во дербито со лидерот во прилепско Горно Коњари со истоимениот тим, загуби со 4:0 (2:0). По ова 23 коло ФК Превалец е втор со 44 бода а ФК Башкими трет со 41 бод. Во следното коло ФК Превалец го пречекува десетто пласираниот состав на ФК Дреново а ФК Башкими игра дома со екипата на ФК Слога од прилепско Лажани, која е 11-та.
Во општинската фудбалска лига се одиграа двата предвидени натпреври од 14 коло.
ФК Тополка – ФК Локомотива 3:1
ФК Бузлакова – ФК Горски 2:2
Слободни беа екипите на ФК Младост, ФК Форца нова и ФК Врановци.
Со оваа победа ФК Тополка победи уште еден конкурент во борбата за врвот и е блиску до пласман во Трета лига Југ.
1.ФК Тополка 10 9 1 0 23: 8 28
2..ФК Горски 11 6 3 2 24:17 21
3..ФК Локомотива 11 6 0 5 28:24 18
4..ФК Врановци 8 3 3 2 18:16 12
5..ФК Форца нова 11 3 1 7 17:25 10
6..ФК Младост 10 2 1 7 14:24 7
7. ФК Бузалкова 8 2 1 5 1 3:18 7
Во следното 15 коло играат:
ФК Младост- ФК Тополка
ФК ЛОкомотива – ФК Бузалкова
ФК Горски – ФК Врановци
слободна е екипата на ФК Форца нова
Пред натпреварот помеѓу ФК Бузалкова и ФК Горски, домаќинот ги доби петте фудбалски топки до претседателот на ОФС Велес, Трјче Шопов, донација од ОФС и ФФМ. Со истите току игра и фудбалската репрезентација на Македонија. Со ова сите седум екипи кои се натпреваруваат во лигата на ОФС ја одбија донацијата.
Викендов кога беа слободни Куп натпревар од 1/4 одиграа ФК Младост и ФК Форца нова. Победи домаќинот со 1:0. Претходно ФК Локомотива службено се пласираше во полуфиналето, откако ФК Чашка се откажа а ФК Горски славеше во Чашка над ФК Врновци на пенали со 3:4. Останува во ¼ да се одигра уште натпреварот помеѓу ФК Бузалкова – ФК Тополка.