Упасени две лица за кои има сомнение дека извршиле кражба од дом на возрасна велешанка

Петар Печков

Од билтенот на велешка полиција за изминатите денови, три настани. 

На 22 август  и 23 август  во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Е.А.(35 год) и Н.Н.(36 год), двајцата од Велес, поради сомнение дека од домот на 73- годишна велешанка одзеле накит. (во информацијата не се наведува кој ден била пријавата за сторената кражба и дали е од значителна вредност)

На 21 август во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Б.М.(66 год) од село Јакимово, виничко, затоа што на Железничка станица во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Б.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,45 промили алкохол во крвта.  

На 20 август во 15:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(82 год) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати