Укинати два од три воза кои сообраќаа од и кон Битола

Петар Печков

Од среда 25 октомври, нова редукција на железничкиот патнички сообраќај во Македонија. два од трети воза кои сообраќаат од и кон Битола се укинуваат. МЖ АД Транспорт не даваат објаснување, зошто се одлучиле на овој чекор.

„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) дека сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14.30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03.13 часот“ - соопштија од МЖ АД Транспорт. 

Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување.

Во пракса тоа значи дека утринскиот и вечерниот воз од Велес за Битола не сообраќаат, како и пладневниот и вечерниот од Битола за Скопје. Од Велес за Битола има во 15,25 а од Велес за Скопје, кој поаѓа од Битола е во 5,46ч.

Пролетва поради малиот број на патници, 10 железнички стојалишта и станици беа укинати, патничките возови кон Битола и   кон Гевгелија, не запираат.

Од почетокот на годинава не сообраќаат патнички возови до Табановце и назад а две и пол години нема патнички воз до Кичево и Кочани. Така сега во Македонија сообраќаа по  еден   патнички воза од и  до Битола, по  два од и  до Гевгелија и  по три  од и  до Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати