Тројца трговци во Велес казнети поради неиздавање фискални сметки

Петар Печков

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП)  кај три правни субјекти во Велес, констатирала дека не издавале фискални сметки.  Нив им се изречени парични казни, глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот.

Контролирани биле ресторани, кафе барови, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. УЈП соопшти дека во Прилеп, Неготино, Кавадарци и Велес извршени се 20 контроли, a утврдени се 10 неправилности , од кои три во Прилеп, една во Неготино, три  во Кавадарци и три во Велес.

Контролите биле извршени и во  Струга, Охрид и Битола 124 контроли, а утврдени се 21 неправилности, од кои 5 неправилности во Струга, 10 во Охрид и 6 во Битола.  Во Тетово, Гостивар, Маврово и Дебар извршени се 126 контроли, а утврдени се 61 неправилност, од кој 34 во Тетово, 25 во Гостивар, 1 во Маврово и 1 во Дебар. Во Куманово извршени биле 51 контроли, а утврдени бил  6 неправилности. Во Радовиш, Струмица, Дојран, Валандово, Делчево и Гевгелија извршени се 62 контроли, а утврдени бил  8 неправилности, од кои 3 во Радовиш, 3 во Струмица и 2 во Дојран.

За пет субјекти, кои не е прецизирано од кои градови се,  поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

Во овој период од седум дена, од вкупно 383 контролирани субјекти, кај 27% односно кај 106 од контролираните субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. За утврдените неправилности донесени биле 106 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати