Петар Печков
Објавено: петок, 17 октомври 2025
Велешката полиција уапсила три лица, кои се барани за зидржување на казни затвор.Приведени двајца крадци и еден измамник, спроведени се во затворот во Идризово за издржување на казните.
„На 16 октомври во 21 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа М.Т.(44 год) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“. Истиот ден во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Н.Д.(33год) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“. Исто така, во Велес во 16:15 часот приведен е Ш.Р.(39 год) од Велес, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“- информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Лицата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казните.