Петар Печков
Објавено: среда, 08 јули 2026
Во изминатото деноноќие на патиштата во велешко, полицијата регистрирала три случаи кога возачот немал или имал забрана за управување на возило. Повеќе од дневниот билтен на СВР Велес.
На 7 јули во 18:55 часот на место викано „Долги рид“, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишија од слобода О.В.(36) од Велес. При сообраќајна контрола на регионален пат село Извор-Велес, било сопрено патничко возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.В. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување за „Б“ категорија.
На 7 јули во 19:35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.М.(34) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил сопрен мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал без положен возачки испит и нерегистриран.
На 8 јули во 06:20 часот на регионален пат Градско-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.М.(39) од село Амзабегово, светиниколско. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „мерцедес“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од М.М. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување.
ПВо сите три сличаи по насоки од јавен обвинител возачите биле приведени во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против секој од нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
