Петар Печков
Објавено: четврток, 23 октомври 2025
Поднесени се три приговори од политички партии за текот на изборниот процес во Општина Велес. Сите три се од политичката партија Левица и се однесуваат на избирачките места 2158, 21656 и 2166 и 2209.
Бројките од записникот за сумирани резултати за членови на совет на општината не соодветствуваат со објавените на веб страната на ДИК. 2158 Велес
Објавените резултати на веб страната на ДИК се поклопуваат за двете ИМ. Постои сомнеж записниците да се измешани. Велес 2165/2166
Бројките од записникот за сумирани гласови на ИМ 2209 не соодветствуваат со објавените на веб страната на ДИК. Горно Оризари
Има и осум приговори за текот на изборниот процес во Општина Чашка, на четири избирачки места од страна на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на СДСМ.
Во ИМ 2205/1 во обрасците 16Б и 16В констатирано е дека вкупниот број на болни и немоќни лица, вкупниот број на избирачи кои на денот на гласање се запишани во ИС со приговор и гласале и вкупниот број на гласачи кои биле идентификувани со УБИГ, не се совпаѓа со вкупниот број на избирачи кои галасале и се потпишале и вкупниот број на гласачки ливчиња внесени во гласачка кутија. Горно Јаболчиште 2205/1
Во ИМ 2234 во обрасците 16Б и 16В констатирано е дека вкупниот број на болни и немоќни лица, вкупниот број на избирачи кои на денот на гласање се запишани во ИС со приговор и гласале и вкупниот број на гласачи кои биле идентификувани со УБИГ, не се совпаѓа со вкупниот број на избирачи кои гласале и се потпишале и вкупниот број на гласачки ливчиња внесени во гласачка кутија. Чашка 2234
Во ИМ 2205 Општина Чашка за избор на Градоначалник и Совет на општина Чашка, по увидот во примерокот од записниците констатирано е дека од страна на ИО воопшто не е потпишан и пополнет записникот по завршување на на гласањето. 2205 Горно Јаболчиште
Наводно, констатираната состојба во Записникот број 16 во однос на бројот на гласачи кои гласале со или без примена УБИГ, по претходно спроведена Одлука на Државната изборна комисија, не соодветствува со фактичката состојба и текот на гласањето, кое течело без прекин и состојбите евидентирани во Дневникот за настани, односно прекин не е евидентиран. Долно Јаболчиште 2204
Од страна на ИО не е пополнет и потпишан записникот за гласање, сумирање и утврдување на резултати, и се забележува невообичаено висока излезност до одреден термин, односно евентуално внесување на гласачки ливчиња во избирачката кутија, спротивно на ИЗ. Горно Јаболчиште 2205/1
ИО по утврдување на идентитетот на гласачот, согласно важечка ЛК, го провериле гласачот во Избирачки список и му дозволиле на истиот да се потпише, откинале гласачки ливчиња од кочанот па подоцна извршиле идентификација на гласачот со УБИГ при што констатирале дека уредот не го пронашол, поради што му го ускратиле правото да гласа, а гласачките ливчиња ги дале на следниот гласач. Мелница 2228
Повреда на гласачко прав, на едно лице не му е дадено правото да гласа иако е во евидентирано во избирачки список – Мелница 2228
Кандидатот на НАИ (ДУИ), Суат Шаќири, кој имаше најмногу гласови во првиот круг ип обеда која не е конечна, се сомнева дека овие приговори се поднесени само врз етничка основа. Шаќири за TВ 21 изјави дека за време на процесот на гласање немало никаков приговор од страна на членовите на избирачките одбори ниту од набљудувачите на ОБСЕ-ОДИХР и дека приговорите се поднесени на избирачки места каде живеат Албанци.
