Сообраќајка автомобил со воз, се превртел со тракторот тешко се повредил, на крстосницата кај Мамутчево возел два пати побрзо од дозволеното

Петар Печков

Саботата претпладне сообраќаен инцидент се случи на железничкиот патен премин во населба  Превалец со обезбеден сигурносен систем кој бил во функција, звучен и светлосен. Автомобил удрил во патничкиот воз Велес- Битола. Среќна околност е што нема повредени, освен материјална штета на автомобилот.  
"Околу 08:45 часот на железничкиот премин на регионален пат Велес-Извор, кај населба Превалец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.М.(56 год) од Велес и патнички воз управуван од М.А.(32 год) од Скопје" информира Ана Милевска Ѓеориева портпарол на СВР Велес.
Во несреќата повредени лица немало. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес по што ќе се знаат причините за инцидентот.   Во времето од 08:45 до 09:55 часот патниот и железничкиот сообраќај на патниот правец Велес-Извор и Велес  - Битола беа во прекин.  

Саботата 29 август СВР Велес било пријавено дека околу 19:25 часот во Општа болница Велес за укажување лекарска помош бил донесен М.П. (56 год) од Градско, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Според пријавеното, во лозов насад тој стартувал трактор, по што тракторот се придвижил и му нанел повреди.  Од ЈЗУ Општа болница Велес соопштија дека лицето било во свесна состојба и по спроведени снимања констатирани скршеници на две ребра, по повредениот бил на Ургентен во Скопје. 

Петокот 28 август во 14:30 часот во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Д.(36 год) од село Мамутчево. При контрола со радар на експресниот пат Лозово-Велес, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 171 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час. 

Петокот 28 август во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Л.Ѓ.(38 год) и К.М.(53 год), двајцата од Кавадарци. Претходно на улица „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ., удрило во паркирано патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на Ф.М, а паркирано од К.М., а потоа и во бетонски столб, во која со телесни повреди се здобил Л.Ѓ., констатирани во Општа болница Кавадарци. При вршење увид на местото на несреќата, К.М. физички нападнал еден од полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Л.Ѓ. го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,22 промили алкохол во крвта. Било констатирано дека и К.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,15 промили алкохол во крвта. 

Петокот 28 август во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Т.(30 год) од Велес. При сообраќајна контрола на крстосница од улиците „Прохор Пчински“ и „Благој Кирков“ во Велес, бил сопрен мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Т. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал без положен возачки испит.

Четвртокот на 27 август  во 23:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.Џ.(25 год) од Штип. При сообраќајна контрола на улица „Јордан Џурнов“ во Велес, било сопрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Џ. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување за Б категорија. 

Средата  26 август  во 18:55 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Р.Ш.(54 год) од Арачиново, скопско. При сообраќајна контрола на улица „8 Септември“ во Велес, било сопрени патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. 

Саботата 29 август во 17:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 17-годишен малолетник од село Мелница, општина Чашка. При сообраќајна контрола на улица „Наум Наумовски Борче“ во Велес, бил сопрен мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право науправување.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати