Требаше, но не започна судскиот процес за рушењето на дел од зградата на работничкиот универзитет

Петар Печков

Денес во Основен суд  требаше да започне судкисот процес за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет „Благој Страчковски“ во Велес. Но по барање на бранителката на обвинетиот Рифат Беровиќ, бидејќи била избрана за адвокат по овој случај, неколку дена претходно,  почетокот се одложи. 

„Бидејќи на 5 јуни го добив овој предмет потребно ми е време да се подоготвам, но потребни ми се и списите од него за увид“ –рече адвокатката што судијата Ангел Трипчев го прифати.

Но во судниицата не беше присутен претставникот на обвинетото правното лице  ДТТУ Беровиќ транскоп ДООЕЛ  од скопско Батинци.  Во судницата ги немаше и бројните сведоци, освен на испитната комисија за полагање возачки, која беше закупец на простор во зградата.

Обвинението за физичкото лице, Рифат Беровиќ  е за - Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 289, а за правното лице ДТТУ Беровиќ трансшпед  за - Предизвикување опасност при градежни работи од член 289 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Дел од зградата на Работничкиот универзитет се сруши пред скоро три години, на 17 јуни 2022 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати