Товарен воз кој сопре среде град синоќа, го блокираше патничкиот сообраќај

Петар Печков

Вчеравечер застој во железничкиот сообраќај во Велес, во централното градско подрачје, кој  создаде големи проблеми во патничкиот. Товарен воз, цистерни со нафта, кој доаѓал од Солун, сопрел во центарот на градот.

Безебдносните рампи не функционираат три седмици, возот блокирал две од нив, едната кон месноста Дворови, втората на мостот Гемџии. Тоа создало колони возила. Возот, според жителите од околните куќи, возот бил на пругата во мирување најмалку два часа од 21 до 23ч. 

„Возот стоеше, беше блокиран патничкиот премин на Нов мост. Имаше луѓе што преминуваа преку вагоните а тој можеше да тргне секој момент. Се доведуваа во животна опасност. Од страната на улица Димитар Влахов влегуваа автобуси кои ги враќаа вработените од Скопје од втора смена. Немаше кој да ги предупреди да не одат преку мост. Кога веќе ќе дојдеа до преминот, кој беше блокиран, и за да се упатат до Стар мост, каде преминот беше слободен, мораа да возат во рикверц стотина и повеќе метри а зад нив доаѓаа други возила. Беше хаос“ – вели еден од бројните велешани кои живеа на левата страна од градот а за да стигнат дома, мораа да користат други пристапи до таа страна од  Велес. 

Граѓаните велат дека ове не е прв таков случај, имало и други изминатите седмици. Се случувало и во утринските часови, но не траеле вака долго. 

Објавените слики од состобата синоќа, на социјалните мрежи беа со жестоки реакции од велешани. Македонски Железници три седмици не можат да пронајдат што е проблемот со пругите , железничката исталација во Велес. Нивните екипи работат на двете контролни куќарки, покрај пругата Велес – Гевгелија,  каде е сместена инсталацијата.  Прашањето до МЖ Инфраструктура, од пред осум дена, што се случува со железничкиот сообраќај во Велес, и зошто се случуваат ваквите застои, одговор нема. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати