Театарот е за да критикува поединци, општеството, за да ги исправиме грешките, кажа министерот Љутков на синоќешното отворање на фестивалот „5ре“

Петар Печков

Театарот постои за да критикува за да станеме подобри луѓе, порача министерот за култура Зоран Љутков на Светскиот ден на театарот 27  март. Ова го кажа вчеравечер кога присустуваше  на премиерата на претставата „Госпоѓа министерка“  и отворањето на театарскиот фестивал „5ре“.

„Во сенката на големата трагедија која се случи во Кочани, го славиме 27 март Светскиот ден на театарот. Го славиме симболот на човечката креативност, ја славиме слободата, сцената. Од античките трагедии, до современите форми на изразување, во експерименталните дела, театарот сведочи на вечната дилема за разбирање. Во време на брзи технолошки промени, витруелна стварност, театарот е незаменлив организам за опстојување на општеството. Театарот постои за да не` критикува како поединци, да го критикува општеството,  критикува функциите, не да се исмејува, критикува за да станеме подобри луѓе и подобро се разбираме“ – кажа Љутков.

При честитката  на Светскиот ден на театарот, тој посебно ги издвои луѓето позади сцената за кои рече дека  се невидливи и непознати а се значаен дел од  претставите.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати