Петар Печков
Објавено: среда, 12 ноември 2025
Исчистен е долниот тек на Отовичка река, една од мерките за ревитализација на езерото Младост. Една седмица механизација го чистела просторот од трска, шавар, кал, отпад, се што гравитира кон Отовичкиот залив.
„Како една од активностите за спас на езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка река. Следи чистење на крајбрежјето“ – информираа од локалната власт на Општина Велес.
Бидејќи на неодамнешниот јавен повик за чистење на наслагите од површината на водата, не се јави ниту една фирма, од ЈПВ Лисиче, кој е носител на проектот за ревитализација на акумулацијата, најавуват дека обезбедена е механизација кој ќе за заврши работата.
„Од средината на следната седмица почнуваме со чистење на крајбрежјето. Ќе се чисти од мул, тиња, ќе се сече трската во водата, старите исушени дрвја. За ова имаме обезбедено дозвола од Министерството за животна средина“ – кажа Ване Маневски директор на ЈПВ Лисиче.
Владата издвои 10 милиони денари за решавање на проблемот со изумирање на езерото, поради недостиг на кислород. Според препораките на стручните лица од Хидробиолошкиот завод од Охрид, дадени уште лани есента, треба да се врши дотур на свежа вода езерото, за што се предвидени бушотини во коритото на Отовичка река и чистење на површината од пластите измурени алги и трски и чистење на крајбрежјето, кое треба да започне следната седмица.
