Нивото на реката Вардар низ Велес е во опаѓање, по него плови пластична амбалажа

Петар Печков

Бројките кои ги објави УХМР денес, среда а измерени утрово во 7,30ч. покажуваат пониско ниво на реката Вардар низ Велес во однос на вчера. Утрово биле измерени 112 цм што е помалку од вчерашните максимални 138 цм.  Бидејќи сите водотеци повисоко од Велес се во опаѓање, вклучувајќи го и Вардар за очекување е дека нивото на реката ќе опаѓа. Просекот за овој месец октомври е 57 цм.

Опаѓа и нивото на реката Бабуна низ Богомила. Денес утрово биле измерени 24 што е за два сантиметри помалку од вчера. Просекот за октомври е 8 цм. 

Зголеменото ниво на реката Вардар беше поради обилните дождови во неделата.

Зголеменото ниво донесе и огромен пластичен отпад но Вардар низ целата негова должина.

„Во врска со појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и другите поголеми и помали водотеци, причините за ваквата состојба се должат на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини. Во овие подрачја е евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чијa санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби“ – соопштија од  Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Еколозите предупредуваат дека со овој оптад од пластични шишиња, се зголемува ризикот за животната средина и здравјето на граѓаните.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати