Петар Печков
Објавено: четврток, 10 јули 2025
Годинешен добитник на наградата за животно дело во архитектурата „Андреја Дамјанов“ е Стеван Смилевски.
Наградата која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија беше врачена во галеријата на МАНУ. На пригодна свеченост ја врачи претседателот на ААМ Валентино Константиновск.
Таа се доделува како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.Стеван Смилевски е роден 1948 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Дипломирал на Архитектонско – градежниот факултет во Скопје, а по дипломирањето сам, со соработници и тимови работи на проекти од кои добар дел се и реализирани. Оваа награда се врачи во пресрет на Петровден, кога се оделуваше во Велес, во црквата Св. Пантелејмон. Но Откако општина Велес се откажа од помошта, таа се пресели во Скопје.