Со светската премиера и во Велес, во Киноверзум „Ѓаволот носи Прада 2“

Петар Печков

Премиера во светот, премиера и во Киноверзум Велес, на филмот кој долго се најавува и очекува „Ѓаволот има Прада 2“.  Дваесет години по култните улоги на Миранда, Енди, Емили и Најџел, Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат на модните улици на Њујорк и во елегантните канцеларии на часописот Писта во филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, долгоочекуваното продолжение на филмскиот феномен од 2006 година, што одбележи цела една генерација. Во продолжението, филмот ја следи борбата на Миранда Пристли против Емили Чарлтон, нејзината поранешна асистентка што станала ривалска извршна директорка, додека се натпреваруваат за приходи од рекламирање во услови на опаѓање на печатените медиуми, додека Миранда се приближува кон пензионирање.Се прикажува секоја вечер од 20ч. освен на 1 мај.


Пред кино публиката во Велес е мегаа филмскиот хит „Мајкл“ биогрфски посветен на Мајкл Џексон. Мјузикла исполнет со музиката на пејачот кој одбележа еден период од светската музичка култура. Се прикажува секоја вечер од 22,10, освен петок. 

На репертоарот како премиера е анимираниот „Сташното девојче“ синхронизиран на македонски. Додека нејзиниот свет е обвиен со мрак, младо девојче по име Арки мора да ги надмине своите стравови и отпатува во мистериозниот Град на светлината, да го спаси татко ѝ од опасен научник и да го спречи уништувањето на нејзината планета. Игра во недела и среда од 18ч. 

И четврти филм кој се прикажува се до следната среда е анимираниот , голем светски филмским хит „Супер Марио галаксија филм“.  Марио тргнува во вселената, истражувајќи космички светови и соочувајќи се со галактички предизвици далеку од познатото Кралство на печурките. Се прикажува сабота  од 18ч.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати