Сообраќајка на автопатот Велес- Скопје, кај тунелот Катланово, еден починат

Петар Печков

Сообраќајка на автопатот Велес- Скопје, еден починат и еден полесно повреден, сообраќајот три часа во прекин. Претпладнево околу 9,30  часот пред тунелот кај Катланово се случила сообраќајна несреќа, кога автомобил излетал од патот и удрил во банкината,  во која има жртва. Први на лице место била екипата на Итната помош од Велес.

Интервенирано е со едно возило и една лекарска екипа. На лице место е констатирана смрт кај лице возач кое било на возраст од околу 60-тина години.   Повредено е лице, жена на која и е даден неопходната здравствена помош и е префрлена во велешка Болница. Таа кажа дека починатиот е нејзин син- рече д-р Васе Пановска, началник на Итната служба од Здравствен дом Велес.

Од велешката Болница соопштија дека кај нив е донесена пациентка, која минала со лесни телесни повреди.

Околу 10:30 часот на одделот за хирургија од страна на Итната медицинска помош  е донесена пациентка Д.С. на 89 годишна возраст од Прилеп, повредена во сообраќајна несреќа. Пациентката се здобила со лесни телесни повреди на главата и  на десна потколеница. Задржана е на опсервација на одделот за Хирургија при ЈЗУ Општа Болница -Велес - кажа др- Елоенора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

Од МВР информираа дека починал возачот на автомобилот.

На 10-ти јануари  околу 09,35 часот на автопатот Велес – Скопје патничко моторно возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управуванo од В.С.(66) од Прилеп во кое сопатник била Д.С.(88) од Прилеп излетало од коловозот. На местото на настанот починал возачот В.С. - соопштија од МВР.

Поради сообраќајката од 10 до 13 часот кога се вршел увид на местото на настанот автопатот Велес- Скопје беше затворен за сообраќај, па возачите  мораа да патуваат преку новиот автопат Штип -Скопје.

Во првите половина час, бидејќи немаше информација дека автопатот е затворен за сообраќај, огромна колона возила беше на наплатна рампа Отовица, близу Велес.

Причинети за сообраќајката  ќе бидат познати по извршениот увид од страна ма МВР.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати