Советниците одлучија деловниот простор од новиот покриен Градски пазар да се изнајмува

Петар Печков

Едногласно советниците на Општина Велес, на денешната седница на Советот, (среда) одлучија деловниот простор од новоизградениот покриен градски пазар во Велес, да се изнајмува, не да се продава.

„Ќе има наскоро јавен повик, сите дуќани ќе бидат огласени, кој понуди најдобра цена, тој ќе го добие. Гласините дека се дадени, таксани за некого или некој, со ова паѓаат во вода. Нема да се продаваат. Сите заинтересирани нека се јават на наддавањето“  -кажа градоначалникот Марко Колев.

Деловните простории се даваат во закуп за период од 5 (пет) години. И тие средства се за општина Велес. Таа за изградба на овој објект, најголема инвестиција на локалната власт во 35 години самостојна држава, се задолжи за 30 милиони денари кај Светска банка.

„Согласно законските решенија, бидејќи ЈКП Дервен работи со покрениот пазар, ја врши таа дејност, затоа и нему му ги доделуваме на трајно користење овие деловни простории“- рече Снежана Дервишова,  советник за изградба и одржување на комунална инфраструктура. 

Површината на дуќените е од 8-9 м2 до 47 и 89 м2. Вкупно ќе се издаваат 21 деловна просторија, од кои најголемите три, се за угостителски објекти.

По изгласувањто на одлуката за изнајмување, советниците едногласно изгласаа деловниот простор да се даде на трајно користење на ЈКП Дервен.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати