Петар Печков
Објавено: недела, 28 декември 2025
Скопјанка во алкохолизирана состојба агресивно се однесувала кон полицајците во Велес. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 27 декември 14:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ја приведоа М.К.(41) од Скопје затоа што на улица „Ѓоре Органџиев“ во Велес агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај неа биле измерени 3,17 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева портпарол на СВР Велес.
М.К. била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа полицијата најавува дека ќе поднесе соодветни пријави.
