Сиврија пиперка која се одгледува само во Велес

Петар Печков

По велешките бавчи се  одгледува пиперката сивриа која, според градинарите  ја има само тука и никаде на други место во Македонија и пошироко. Таа е карактеристична за велешкото поднебје, ја има лута и блага. 

Оваа пиперка води потекло од Башино село. Ја одгледувале и моите предци, татко ми,  дедо ми. Сега јас ја продолжувам традицијата. Сивријата е локален велешки бренд, како што е струмичката  ајварка. Се одгледува само овдека, на други места не. И кај нас во велешко се  помалку ја има. Преку сила пет –шест фамилии, ако уше ја  одгледуваме, другите кренаа раце од неа  – вели    Бошко Миров. 

Додава откако памти за себе, растел со овој вид пипер. Тој има бавча во месноста Речани, покрај реката Вардар, близу месноста Бентот. Нема одговор зошто се одгледува само во Велес а на други места не.

Не ја сакаат оваа пиперка, бараат од другите долгите, дебели, кои се меснати. Не се навикнати на неа и не ја  јадат, не  ја  сакаат. А не знаат што пропуштаат. Кој еднаш пробал, пак ќе ја побара – додава Бошко.

Тој не купува семе, туку љубоморно чува дел од родот. И пред да започне да продава, првите пиперки се за семе,  за следната година.  Се одгледува како и другиот пипер, со тоа што цената на сивријата е повисока, таа е поскапа.

Сивриајта е поскапа оти е полесна. Во едно кило ќе добиеш  и до 40 парчиња  а кај другиот пипер, бела  долга  помалку. Разлика има  и во вкусот, Сивријата е сува, нема толку вода во неа, тенка е и има мирис на пипер – објаснува Миров.

Тој  е дел од познатото велешко семејство Мирови кое е бројно и повеќето  се бавчованџии.   Така разлика има  и кај цената, сивријата чини околу  40-50 денари за кг. додека бела долга ја има за  30 до 40 денари. Но и покрај тоа, тие што ја пробале и знаат доаѓаат не прашуваат колку чини и купуваат.

Поради налетот на новите видови пиперки и цента, сивријата ја има се помалку по велешките бавчи. Таа се повлекува пред економски поисплатливте пиперки.  И тие малку градинари од велешко што останаа верни на пиперката вид сиврија, очекуваат дека  Вардарскиот плански регион ќе направи напор да се заштити овој вид, но и да се популаризира како локален бренд.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати