Поголемиот дел од пазарчето во Нова населба ќе се изнајмува

Петар Печков

Советниците едногласно одлучија поголем дел од покриениот пазар во Нова населба, да се додели на повеќегодишно користење на заинтересирана странка.  Ќе остане дел од пазарот за 25 тезги но и пристапот до скривниците. Советниците одлуката ја донесоа едногласно.

„Бидејќи има големи оштетувања и потребни се големи финансиски средства за негово реновирање, предлагаме тој да се изнајми. Постои интерес кај повеќе оператори, за намена маркет. Ова е исто како што се случи со просторот со КАМ маркет.  Тоа што ќе остане како корисен простор, околу 145 м2 ќе може да се сместат 20- 25 тезги, за мини пазар. За толку тезги има и интерес“  - кажа Васил Николов, финансов директор на ЈКП Дервен.

Се изнајмуваат 762 м2 од 905 м2. Од добиените средства за надомест ќе се санира кровот, треба да се изврши внатрешна реконструкција на просторот и на излогот, односно влезот во објектот.  Просторот ќе се изнајмува за период од 15 години. Давањето под закуп, ќе  биде по пат на прибирање на понуди а изборот врз основа на понудена цена.

фото архива

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати