Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2026
Велешката полиција во дневните билтени информираше за три настани, семејно насилство, сите сторени од лица кои биле пијани.
„На 01 мај во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Д.(53 год) од Велес, постапувајќи по пријава од Центар за социјални работи Велес дека по кратка расправија физички го нападнал неговиот 16-годишен син. По преземени мерки било констатирано дека Ф.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта“
„На 31 мај во 21:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.А.(34 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот им се заканувал на неговите родители. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. По преземени мерки било констатирано дека А.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,87 промили алкохол во крвта“
Двете лица биле задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
„На 29 мај во 08:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н.(62 год) постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес“
Против Л.Н. била поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка, по барање на обвинител од ОЈО Велес му е определена мерка притвор и истиот е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
фото архива ТрМр
