Секој жител на Општина Велес лани платил по 101 евро за јавна набавка

Петар Печков

Просечно Општина Велес троши по 6.246 денари по жител за јавните набавки. Лани, 2024 година биле потрошени  302.676.748 денари од локалниот буџет. За таа намена биле предвидени 1.043.342.774 денари. Вкупно 29 отсто од општинскиот буџет биле исплатени за јавни набавки. Минатата година Општина Велес реализирала 146 јавни набавки. Со потрошените средства тоа е маса која зафаќа   2,58 отсто од вкупните јавни набвки во Македонија. Ова се податоци кои ги објави во најновата анализа  Центарот за граѓански комуникации. 

Најмногу од средстватаа од јавните набавки од Општина Велес  одат во Македонски Телеком со 91 милион денари или 31%, па во Делта пром со 58,9 милиони денари или 19,5 отсто, трет е Профил инжинеринг ДОО Велес со 32,4 милиони /10,7%,  Филип инжинеринг од Чучер Сандево со 29,8 милиони/ 9,8% , Изгрев инжинеринг со 14,9 милиони денари/ 4,9%. Сите други се под два проценти. Повеќе податоци можете да најдете тука.  Повеќе од половина јавни набавки во Општина Велес   50,7% се за работи, 38,2% за стоки и 11,1%  за услуги. 

Слична е и висината на тошокот за јавни набавки во Општина Чашка, каде просечно се   троши по 6.158 денари. Лани, 2024 година биле потрошени  48.904.248 денари од локалниот буџет. Заа таа намена биле предвидени 197.235.304 денари. Вкупно 25 отсто од општинскиот буџет биле исплатени за јавни набавки. 

Најмногу од средствата од јавните набавки одат во Раде Кочар релеи Скопје -10,4% или 5,1 милион денари, Авто декор Струга со 9,2% со 4,5 милиони, Изгрев инжинеринг со 4,3 милиони денари/8,7%, Глобал моторс Скопје – добил 4,2 милиони денари/8,5 %, ЕСИ времено од Скопје 4 милиони денари/ 8,2%, Делта пром -3,7 милиони денари/7,5%,  Аутомотив груп Скопје-  3,6 милиони/7,4%, Енерџи деливери солушнс Скопје 2,5 милиони денари/5,1%, Евро инжинеринг Велес – 1,9 милиони/3,9%, Арбитранс Бузалково – 1,7 милиони денари/3,5%, Рињувабл енерџи суплај Скопје – 1,5 милиони денари/31,%., Марјан МБЕМ Сопиште 1,4 милиони денари/2,9%. Две третини од  јавните набавки во Општина Велес   67,7% се за стоки, 18,1% за услуги и 14,2% за работи.  

Нешто повеќе плаќаат жителите на Општина Лозово каде просечно се троши по 7.028 денари по жител за јавните набавки. Лани, 2024 година биле потрошени  15.911.719 денари од локалниот буџет. За таа намена биле предвидени 79.908.488 денари. Вкупно 20 отсто од општинскиот буџет биле исплатени за јавни набавки. Минатата година ОпштинаЛозово реализирала 18 јавни набавки. 

Најмногу од средствата од јавните набавки одат во Интеко Скопје со 6 милиони денари или 37,7%, Ленди груп Скопје со 16,8%, Пекара ВИГ 10,9% или 1,7 милиони денари, ЕСИ времено Скопје и Хидро градежен инжинеринг Скопје  со по  еден  милион денари/ 6,3% , Артпик Скопје 600 илјади денари/3,8%. Интекс систем Скопје 577 илјади/3,6%, КД Електроника Свети Николе – 466 илјади денари/2,9%, АГРО Андонови – Дорфулија -400 илјади/2,5%, Артист систем Скопје 340 илјади/ 2,1%.  Повеќе од половината јавни набавки во Општина Лозово 54,5% се за работи, 25,1%  за стоки и 20,5% за услуги. 

Најмногу од четирите општини во центарот  на Македонија по глава на жител за јавни набавки троши Општина Градско  со  9.322 денари. Лани, 2024 година биле потрошени  30.137.166  денари од локалниот буџет. За таа намена биле предвидени 97.261.434 денари. Вкупно 31 отсто од општинскиот буџет биле исплатени за јавни набавки. Минатата година Општина Градско реализирала 17 јавни набавки. 

Најмногу од средствата од јавните набавки одат во ОСД Кирил Штип со 37,6% или во денари 11,3 милиони, следи Гама градба Скопје со 4,4 милиони денари што е 14,7%, па  МД Рендалс Скопје со 4,1 милон денари/ 13,6%, Анторис Скопје – 2,2 милиони денари/7,3%, Специјал продукт Скопје 2,1 милиони денари 7,2%, КОД инжинеринг Скопје – 2 милиони денари/6,6%, Турбоинжинеринг Скопје со 1,55 милиони денари/5,1% . Две третини од јавните набавки во Општина Градско се реализирани за работи, за стоки 24% и за услуги 12%.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати