Санација на дупките на дел од автопатот на делницата Велес – Градско (фото)

Петар Печков

Отпочната е санација на нерамините долж Коридорот 10 заради зголемување на безбедноста во сообраќајот кој станува значително фреквентен во пресрет на летото и годишните одмори кога Македонија и автопатот Куманово- Гевгелија  е една главните транзитни рути на голем број туристи од странство.

„ЈП Државни патишта  го задолжи ЈП за оддржување и заштита на регионалните и магистрални патишта Македонија пат да интервенира и да отпочне со санација на нерамнините на автопатот на делницата Велес - Градско на мостот после бензиската пумпа "Дади". Санацијата ќе се одвива од двете страни на мостот, влезот и излезот, а исто така ќе се санираат и ударните дупки. Инвестирањето во нова патна инфраструктура е особено важно, но исто толку важно е и оддржувањето на веќе изградената патната мрежа“ – соопштија од ЈП ДП.

Претходно  биле  санирани  и нерамнините на дел од регионален пат Фурка - Дојран, а во тек е санацијата на нерамнините на патот Гостивар-Стража, поточно ќе се санира дел од исклучокот којшто води кон Маврово. И овие градежните активности се изведуваат преку ЈП за оддржување и заштита на регионалните и магистрални патишта "Македонија пат".

ЈПДП апелира до сите учесници во сообраќајот на наведените патни правци да возат внимателно и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати