Петар Печков
Објавено: недела, 15 јуни 2025
Велешката противпожарна единица соопшти дека во текот на вчерашниот ден, сабота, имале пријави за четири пожари. Интервенирале во три случаи.
На ден 14 јуни во 18:23 примена е дојава за запалена куќа на ул. Коле Цветков бр.107. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со три против пожарни возило и седум пожарникари спасители. По пристигнување на лице место констатирано е дека гори помошна просторија, шупа. На самото пристигнување пожарот беше во развиена фаза. Непристапниот терен и немање пат до лице место го отежнуваше гасењето. Благодарение на пожртвуваноста на нашите колеги не е дозволено пожарот да се прошири на околните куќи. Огнот бил локализран во 21ч.
На ден 14.06.2025 во 17:57 примена е дојава за пожар на штала во Иванковци. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две противпожарни возила и пет пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е изгаснат. Пожарот бил локализиран во 19,30ч.
На ден 14.06.2025 во 14:50 примена е дојава за пожар под гробиштата во Раштани. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противоожарно возило и четворица пожарникари спасители. Одејки на лице место екипата е вратена поради дојава дека пожарот е изгаснат од лицето кое го пријавило.
На ден 14.06.2025 во 11:33 примена е дојава за пожар на градската депонија. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со еднои противпожарно возило и двајца пожарникари спасители по пристигнување на лице место забележано е дека пожарот е проширен надвор од депонијата на површина околу 2 декари. Благодарение на брзата интервенција пожарот е изгаснат.