Петар Печков
Објавено: петок, 05 декември 2025
Заврши процесот на реновирање на внатрешноста на Ликовниот салон во Велес. Изминатите десетина дена биле извршени молерски зафати и освежување на ѕидните површини, со што започна првата фаза од обновата. Потоа следеше обнова на подните облоги, со цел просторот да добие современ и функционален изглед.
„Подолг период објектот не беше саниран, обелен, време беше тоа да се случи. кажа Ангел Коруновски директор на ЛУ Народен музеј. Изминатите денови се обели, се санираа отшетувањата по ѕидовите. Се санираа и подните плочки кои беа оштетени. Така се санираше и ѕидната и подната површина“ – кажа директорот Ангел Коруновски.
Санацијата била изврешена со сопствени средства од буџетот на институцијата.
„Реновирањето е дел од подготовките за претстојната сезона на културно-уметнички настани, со кои сакаме да обезбедиме подобри услови за нашите посетители, автори и соработници“ – дополни Коруновски.
фото ФБ ЛУ Народен музеј
