Петар Печков
Објавено: четврток, 18 јуни 2026
Откатко таткот извесно време и забранувал излез на ќерката поради нејзината љубовна врска, полицијата добила приајва дека лицето дома чува оружје и муниција без дозвола но и поголема сума пари. Оружје било открено и во викендичката сопственост на таткото од пријавениот. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 17 јни во 03:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.А.(49 год) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“ со рамка 13 куршуми без соодветна документација и поголема сума пари. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека Г.А. извесен период ја малтретирал неговата ќерка ѝ забранил да излегува и дека поседувал оружје. Исто така, со судска наредба, бил извршен претрес и во викенд куќа во село Капиново, општина Чашка, сопственост на неговиот татко С.А.(74 год) од Велес. При претресот, таму биле пронајдени и одземени два пиштоли, 71 куршуми, пет патрони и дрвен кундак со ременик без соодветна документација, по што и С.А. бил лишен од слобода“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портапрол на СВР Велес.
Г.А. и С.А. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целоснорасчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
