Приказната за „Силјан“ повторно во Киноверзум Велес

Петар Печков

Пет филмови се на репертоарот на Киноверзум Велес, од денес четврток до недела. Се враќа документарниот „Приказната за Силјан“, филм кој за да ја има можност за Оскар единствено во Македонија играше во Велес на крајот од септември, седум дена со по три претстави на ден. Овој пат ќе има четири проекции, во првиот вечерен термин од 18  четврток и петок и од 19 ч. сабота и недела.  
„Приказната за Силјан“ е емотивна документарна приказна за доверба, надеж и човечност.
Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата. 

Премиера за хоророт „Примат.  Тропскиот одмор на група пријатели се претвора во застрашувачка, примордијална приказна за хорор и преживување, кога домашното милениче шимпанзо, станува насилен.

На репертоарот се враќа анимираниот „Филм за Сунѓерот Боб: Потрага по Панталоновски“.  Сунѓерот Боб патува во океанските длабочини за да се соочи со духот на Летечкиот Холанѓанец, при што наидува на предизвици и открива морски мистерии. 

Трилерот  „Куќна помошничка“, меѓу најгледаните филмови во светот на крајот од лани и почетокот на годината.  Напната приказна за куќа полна со тајни и за опасностите што демнат зад затворената врата. Мили (Сидни Свини) е млада девојка што бара нов почеток и наоѓа работа како куќна помошничка во домот на богатиот пар Нина (Аманда Сејфрид) и Ендру (Брендон Скленар). Но она што на почетокот изгледа како безбедно засолниште набргу прераснува во стапица. Мили открива дека семејните тајни се многу поопасни и помрачни одошто можела да замисли. Истоимениот роман објавен во 2022 година стана меѓународен феномен – продаден е во над милион примероци и подолго од една година се задржа на листата на бестселери на Њујорк Тајмс. 

Големиот светски филмски хит -Аватар: оган и пепел во  Киноверзум Велес, Сигурни Вивер, Стефан Ланг се дел од актерската екипа, во третиот дел од франшизата Аватар.  Семејството на Џејк и Нејтири се соочува со тага по смртта на Нетejам, додека се среќава со ново, агресивно племе На’ви – Народот на Пепелта, предводен од огнената Варанг, додека конфликтот на Пандора се засилува и се појавува нов морален фокус. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати