Претпремиера во Киноверзум Велес на „Тркач“ СФ трилер

Петар Печков

Шест филмови се на репертоарот на Киноверзум Велес, еден е премиерен.

„Тркачот“  е научно-фантастичен акционен трилер од 2025 година, продуциран и режиран од Едгар Рајт, а напишан од Рајт и Мајкл Бекол. Тоа е втората адаптација на романот од 1982 година на Стивен Кинг, по филмот од 1987 година. Човек се приклучува во игра во која натпреварувачите, на кои им е дозволено да одат насекаде во светот, се прогонувани од „ловци“ најмени да ги убијат.

 https://www.youtube.com/watch?v=KD18ddeFuyM

На репертоарот е и најгледаниот филм изминатиот викенд, Предатор Бедлендс.  С.Ф. Предатор Бедлендс, приказна за млад предатор, отфрлен од својот клан, наоѓа неочекуван сојузник на своето патување во потрага по најголемиот непријател. Во далечната иднина, на негостољубива планета на работ на познатата вселена, протераниот млад Предатор пронаоѓа неочекуана сојузничка во храбрата Тија. Здружени против заедничката судбина, тие двајцата тргнуваат на опасно патување низ пустошот на Бедлендс во потрага по конечниот противник – оној што ќе им ги промени животите и засекогаш ќе ја обележи галаксијата. Ова е седма филмска приказна од франшизата Предатор.

Јапонскиот анимиран филм, кој има голема популасност во светот по премиерата. „Човек со моторна пила – Филмот: Резе Арк“, исто така познат едноставно како „Човек со моторна пила: Резе Арк“, е јапонски анимиран филм од 2025 година, акциона комедија, базиран на манга серијата на Тацуки Фуџимото „Човек со моторна пила“.

Се прикажува и германскиот анимиран филм, „Тафити и пустинска авантура“ синхронизиран на македонски, и двата хорори „Црн телефон“ и „Повикување –последен обред“. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати