Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 декември 2025
Премиера на детска новогодишна претстава, гостување на велешки театар во Смедерево и гостување на прилепски театар во Велес, се дел од настаните последниот месец годинава, декември во театарот Јордан Хаџи Констатнинов Џинот.
Од 22 до 28 декември со повеќе претстави на ден ќе се прикажува детската новогодишна претстава „Поштарска бајка“, работено по теткст на Карел Чапек а драматизација на Катерина Момева. На 10 декември велешки театар гостува во Смедерево - Србија со „Госпоѓа министерка“ на фестивалот Денови на Нушиќ. Сабота на 6 декември на сцената на велешки театар гостува прилепски театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Чиста куќа“ на режисерката Тамара Стојаноска, работена по текст на Сара Раул. Претставата го истражува ширењето на емпатија и начинот на кој се справуваме со траумите од детството, во овој случај, преку вицови како средство за преживување, бегство и поврзување.
Од тековниот репертоар утре вторник е „Мало невино убиство“, среда е „Синиот портокал“, на 15 декември понеделник „Лепа Ангелина“, следниот ден вторник 16 декември „Вечера за глупаци“ и на 17 декември среда „Галеб“.
