Премиера на претставата „Затворенички“ за насилството врз жените

Петар Печков

Утревечер, петок од 20ч, на мала сцена, актерките од  велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ премиерно ќе ја изведат претставата „Затворенички“, . Режијата е на Елеонора Теова. 

Создадена како колективно авторство, претставата носи на сцена три жени. Три различни приказни, три борби за опстанок.  „Затворенички“ ја разоткрива суровата вистина, дека за многу жени, безбедно место не постои — ниту надвор, ниту внатре.

„Во општество во кое вестите за фемицид и насилство врз жените стануваат застрашувачко секојдневие, театарската претстава „Затворенички“ не нуди утеха, туку соочување. Борба на три силни жени, но оттурнати. Оставени без поддршка, без заштита, без систем што ќе застане зад нив — тие се приморани сами да ја преземат контролата врз сопствениот живот, по цена што ги доведува зад решетки. Но затворот не е крај, тој е продолжение. Во затворскиот простор, насилството не исчезнува. Само ја менува формата. Преку односот со стражарот и системот што повторно ги остава без глас и без права“ – вели режисерката Теова. 

Во претставата играат Сандра Танчева, Јанка Лефкова, Димитрина Мицкоска и Кире Ацевски. Костимограф на претставата е Катерина Чукниева, а сценографијата е на Филип Коруновски.   Сценски движења и кореографија Кренаре Невзати – Кери, автор на сонг Сашко Костов.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати