Пред истекот на рокот за застарување на делото, кога пред 10 години починаа родилката Кадиева и нејзиното бебе, Апелација Скопје ги прогласи гинеколозите за виновни

Петар Печков

Обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“  гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица, Апелација Скопје ги прогласи за виновни и им изрече условна осуда. 

Тие добиле алтернативна затворска казна од шест месеци, која ќе се изврши  ако во следните две години сторат ново кривично дело. Предметот сега е  пред Врховен суд, по изјавена жалба од страна на бранителите на обвинетите.  

Гинеколозите  струмичаните Венци Чалков (51 год) и Дончо Москов (60год), се товарат  за „тешки дела против здравјето на луѓето“, за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.  Тоа се случи на 22 октомври 2015 година во болницата во Гевгелија. За една седмица делото застарува.  Во овој случај беше обвинет и анестезиологот Томчо Ванчев од Гевгелија, кој во меѓувреме почина.  Во текот на истрагата  почина и вториот анестезиолог Зоран Јовановски. 

На првото и второто судење, кои се одвиваа во Основен суд Велес, судијката Габриела Гајдова ги ослободи од вина  гинеколозите Москов и Чалков а анестезиологот Ванчев го прогласи за виновен. 

Апелација во два наврати ја потврдуваше ослободителната пресуда за гинеколозите на Основен суд Велес.  Втората пресуда во основен суд Велес беше донесена на 19 март 2020 година и три години беше во фиока, чеаше рок за одржување на јавна седница на Апелација Скопје, што се случи на 3 јули 2023 година. 

Постапувајќи по напатствијата на Врховен суд, кој ја врати втората ослободителна пресуда претходно потврдена од Апелација Скопје, судот  конcтатирал две прекршувања, поради кои  во мај месец годинава, донел осудителна пресуда. 

„Од медицинската документација на покојната Маја Кадиева и од исказот на вештото лице Наташа Давчева произлегува дека од страна на обвинетиот Венци Чалков кај сега покојната била поставена дијагноза Диспропорција на главата на бебето со родилните патишта, која дијагноза преставува апсолутна индикација за царски рез, заради дополнителни испитување со кој би се докажала поставена дијагноза и биле издадени упати за интерно и анестезиолошко одделение на болницата.

Но и покрај тоа што дијагнозата не била проверена и потврдена, обвинетиот постапил површно и донел одлука за царски рез на родилката, без притоа за констатираната состојба родилката да биде известен медицинскиот тим кој требало да го изврши оперативниот зафат. Исто така од изведените докази произлегува дека обвинените  со превземаните дејствија постапиле спротивно на Упатсвото за медицинско згржување, при царски рез донесено од Министерството за здравство, објавено во Сл. Весник на РСМ бр.47 од 24.03.2015 година, бидејќи  без постоење на индикација за итност на интервенцијата, без извршени испитувања за моменталната здравствена состојба на пациентката, ги прифатиле резултатите од претходните испитување без навремено комлетирање на медицинскиот тим кој требало да ја изврши интервенцијата. На тој начин однесувајќи се неодговорно, несовесно телефонски ја повикале родилката на 22.10.2015 година, заради породување со царски рез, иако веројатниот термин за породување и бил 02.11.2015 година, па со тоа обвинените не соработувале заедно и не размениле информации за безбедно одвивање на оперативниот зафат како што налагаат лекарските правила и прописи, па обвинетите Чалков и Москов иако можеле и требале да бараат одложување на операцијата при невозможноста пациентката да биде воведена во анестезија од страна на анестезиологот, тие тоа не го сториле.

Во конкретниот случај обвинетите биле должни да постапуваат според лекарските правила и прописи и да соработуваат и делуваат заедно со цел безбедно одвивање на оперативниот зафат или одложување на истиот, а со преземање на таквите дејствија, во целост е исполнето законското битие на кривичното дело - Тешки дела против здравјето на луѓето“ – пишува во образложението за пресудата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати