Првото осудено лице од Чашка започна да ја издржува казната домашен затвор

Петар Печков

Лицето  П.Ѓ. од населба Чашка, велешко,   на 79 годишна возраст од денес  започна да  ја издржува казната домашен затвор со примена на опрема за електронски надзор, информираа од Управата за извршување на санкции (УИС). Ова е прв случај на изречена ваква казна во земјава.

„На осуденото лице за прв пат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор.  Врз осуденото лице беше поставена алка на глуждот на ногата. Истиот нема да смее да го напушта своето живеалиште во времетраење од три месеци, има право на престој на свеж воздух од најмногу два часа.  Овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а имајќи ја предвид возраста на сторителот воедно претставува и похуман начин на извршување на казната“ – соопштија од  УИС.

Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација.
 
Казната беше изречена во Основен суд Велес, во јуни месец, по признание на вина на обвинетиот П.Ѓ.  Тој  е осуден за задоволување на полови страсти пред друг. Во случајот според став два,  пред дете  вршел полово дејствие или што  навел дете пред него да врши такво дејствие.

Доколку осудениот  ја прекрши забраната за напуштање на домот, по предлог на надлежен орган, судот може да одреди заменетата казна затвор да се изврши во целост во установа за извршување на казната затвор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати