По зимската заштита откриени се мозаиците во локалитетот Стоби, меѓу нив и тој од Куќата на Партениј кој долги години беше недостапен за јавноста (фото)

Петар Печков

По зимскиот период, откриени се мозаиците во археолошкиот локалитет Стоби. После неколку месечна пауза, тие се достапни за посетителите, откако беа прекриени со песок, заради заштита од ниските температури и временските непогоди. 

Од НУ Стоби велат дека мозаикот се буди од својот зимски сон, повторно откривајќи ја својата убавина,  нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја.  Тоа што е значајно е дека по долго време, повторно се открива уште едно скриено богатство на Стоби. Во Куќата на Партениј, пред посетителите повторно се отвора мозаик што со години беше недостапен за јавноста. 

„Мозаикот е изработен со тесери, камчиња, кои биле од околината на локалитетот, не се носени специјално, ексклузивно од друго место. Нивната големина е од 8 мм до 2 цм. и се во шест бои, работени од различен материјал, мермер, песочник, варовник и траветит. Не се пронајдени досега ни стаклени тесери, се е со природен материјал. Кога бил откриен во 30 години од минатиот век биле направени мали интервенции, во 70-тие повторно. Тоа било опшивки, китирања заради стабилизација на мозаикот.  Тогаш бил употребен цементен малтер, кој во тоа време се сметал дека е најсоодветен за овие интервенции. Денес тоа се избегнува, се заменува со малтер изработен на база на вар“ – кажа Томе Филов виш конзерватор во локалитет Стоби.

Куќата на Партениј, каде е овој мозаик  зафаќа простор од 500 метри квадратни и е во средишниот дел  на локалитетот, веднаш до Теодосијанската палата. Таа има шест простории, правоаголен базен. Мозаикот е во една од тие, на југоисточната страна од тремот.

„Видливо е дека недостасува поголем дел од мозаикот, од северозападната страна на просторијата а од другата страна е поплочен, покриен со камени плочи поставени 30 сантиметри над него и како под покриваат 25 см од неговата површина. За прв пат е откриен во 30-тите години на минатиот век.  Изработен е во полихромна декорација со геометриски форми.  Бидејќи недостасува  поголем дел   од него, се претпоставува дека има девет квадрати, распоредени во формат 3 по 3, одвоени со плетенка. Секој квадрат е исполнет со различна декорација. Тоа што е сочувано е со 24 метри квадратни, најверојатно целиот мозаик бил 60 м2. За жал имаме сочувано нешто повеќе од една третина“ – вели Филов.

После долги години  мозаикот во куќата на Партениј е отворен 2018 година, кога таа и следната се работи на него.  Поради долгиот период на неодржување бил во лоша состојба. Биле направени превентивни стабилизациски интервенции за спречување на натамошна деградација на мозаикот.  Годинава повторно пред очите на јавноста, добиени  се средства за конзервација, при што во јуни и јули ќе се одвива процесот на реставрација на мозаикот во куќата на Партениј.

фото НУ Стоби

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати