Петар Печков
Објавено: вторник, 06 јануари 2026
Многу дечиња пеејќи му на Бога ја формираа Бадниковата литија која тргна од црквата Св. Кирил и Методиј. Дечињата ја пееја Бадниковата песна „Вечниот Бог“ минувајќи низ улиците на Велес. Тие се движеа по улицата Благој Ѓорев, до кружен тек Авона, потоа поминаа пред Жаба зграда до Општина Велес. Ова е десетта година како се одржува Бадниковата поворка во Велес.
Претходно се отслужи Света Василиева литургија во црквата Св. Кирил и Методиј. По нејзиното завршување децата беа дарувани со бадникови пакетчиња.
По ова, беше формирана Бадникова Литија, која се упати до зградата на Општина Велес, каде децата беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња од градоначалникот Марко Колев.
Кај Авона членовите на МК Носачи на крстот од Велес, ги даруваа децата од Бадниковата литија со подароци.
фото:ФБ Општина Велес/ Повардарска епархија МПЦ ОА/ МК Носачи на крстот
